Ерик Тен Хаг останува тренер на Манчестер Јунајтед иако по кој знае кој пат му се предвидуваше дека „нема да издржи уште долго“.
Поразот од Тотнем беше нова шлаканица и многумина се прашуваат како се уште е тренер на тимот.
Но, можеби една од причините што се уште е на клупата е оштетата која Јунајтед би морал да ја плати во случај на раскин на договорот со Холанѓанецот. Таа сума изнесува дури 21 милион евра.
Сепак, одреден извори тврдат дека Јунајтед нема да има избор доколку Тен Хаг ги изгуби преостанатите два натпревари до новата репрезентативна пауза. „Црвените ѓаволи“ гостуваат на Порто, а потоа ги чека Астон Вила, а по играта која сега ја прикажуваат и не се фаворити.
Медиумите пишуваат дека клубот има голема доверба во помошник тренерот Руд Ван Нистерлој кој во текот на летото се приклучи на стручниот штаб.
Ван Нистерлој е некој кој го познава клубот и беше дел од златната генерација на чело со Сер Алекс Фергусон, па на „Олд Трафорд“ веруваат дека би бил одлично решение.