181
Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски од ерменскиот Арарат се сели во Босна и Херцеговина, тој стави потпис на договор со Борац од Бања Лука.
29-годишниот голман денеска и официјално беше промовиран како засилување на Борац.
„Доаѓам во тим кој минатата сезона ја освои титулата во Босна и Херцеговина и јасно ми е дека целта е да се одбрани трофејот. Им благодарам на управата на клубот за укажаната доверба, а мое е со моите одбрани да придонесам за остварување на тие цели“, рече Шишковски.
Шишковски кој потекнува од Работнички, досега покрај последниот негов клуб, Арарат, во странство бранеше и за Гент, Лахти, РоПС и Докса.
За најдобрата македонска репрезентација има 11 натпревари.