266
Борусија Дортмунд го потврди наследникот на Един Терзиќ, тоа е добро познато име за „милионерите“, нивниот легендарен играч, Нури Сахин.
Сахин потекнува од младинската школа на Борусија Дортмунд и долги години го носеше дресот на овој клуб. Турчинот рано ја заврши фудбалската кариера и реши да се занимава со тренерска работа.
35-годишниот Сахин изминатите две сезони беше тренер на Анталијаспор, а сега прави крупен чекор напред во кариерата и го презема кормилото на Борусија Дортмунд.
Тој стави потпис на договор до јуни 2027 година.
„Уште од првиот ден ќе правиме сѐ што е во наша моќ и со голема пасија за да го оствариме максимално можниот успех“, рече мотивираниот Сахин.