Милан го потврди најавениот трансфер на Алваро Мората од редовите на Атлетико Мадрид. „Росонерите“ ќе платат 13 милиони евра за откупната клаузула на напаѓачот.
Капитенот на Шпанија кој го крена трофејот на Европското првенство се упати на заслужен годишен одмор, меѓутоа бргу потоа ќе се стави на располагање на тренерот Пауло Фонсека за новата сезона.
Потврдено е дека Алваро Мората потпиша договор на четири години, со опција за продолжување до 2029, а се верува дека ќе заработува околу пет милиони евра годишно. Милан се пофали со неговиот потпис, а исто така потврди дека Шпанецот ќе го носи дресот со бројот седум.
Кариерата на Мората го водеше низ Реал и Атлетико Мадрид, до Челзи и Јувентус, а сега пак ќе заигра во калчото.