Официјално: Легендарниот Неста во Монца ќе го има тренерското деби во Серија А!

by riste
1 минути читање

Монца денеска го промовираше Алесандро Неста во нов тренер на првиот тим, за него ова ќе биде прво вакво искуство во Серија А.

Неста тренерската кариера ја почна во Мајами, а ги водеше и екипите на Перуџа, Фросиноне и Реџиана во Серија Б.

Легендарниот дефанзивец ќе го има својот најголем предизвик во следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани