Официјално: Ерик Тен Хаг повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поразот од Вест Хем (2-1) конечно ги натера челниците на Манчестер Јунајтед за промена на тренерското место.

Ерик Тен Хаг заминува од позицијата прв тренер на „црвените ѓаволи“. Тој веќе го напушти тренерското столче и клубот ќе побара алтернатива во следните денови. Дотогаш клупата на Манчестер јунајтед ќе ја преземе Руд Ван Нистелрој.

На клупата на Јунајтед, Тен Хаг седна во 2022 година. Оттогаш го водеше тимот на 128 натпревари, забележа 72 победи, 20 ремија и 36 порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани