81
Натпреварот помеѓу Болоња и Милан кој требаше да се игра овој викенд дефинтивно ќе биде одложен.
Правеа напори од раководството на лигата натпреварот да се одигра без публика или на друг стадион поради густиот распоред во продолжение, но тоа нема да се случи.
Официјално е потврдено дека натпреварот се одложува и ќе се одигра на друг датум кој засега не е познат.
Исто така е потврдено дека суспензиите за Теум Рејндерс и Тео Ернандез ќе важат за натпреварот кој следи, односно дуелот со Наполи.
Ќе потсетиме натпреварот е одложен поради големите поплави кои ја погодија Болоња во изминатите денови.