Официјално: Де Лихт и Мазрауи потпишаа за Манчестер јунајтед

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед вечерва ги комплетираше трансферите на Матијс Де Лихт и Нусер Мазрауи од Баерн Минхен.

За Матијс Де Лихт, Манчестер јунајтед плати 45 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

„Веднаш штом слушнав дека Манчестер јунајтед ме сака, се возбудив за можноста за нов предизвик во овој историски клуб. Етик тен Хаг ги обликуваше моите рани почетоци во кариерата, па тој знае како да го извади најдоброто од мене. Знам што е потребно за успех на највисоко ниво“, рече Де Лихт.

За Мазрауи, Манчестер јунајтед плати 15 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

„Неверојатно е чувството да се биде фудбалер на Манчестер јунајтед, не можам да дочекам да излезам на Олд Трафорд во црвениот дрес. Знам дека доаѓам во клубот во возбудлив период, имаме амбиции да освојуваме трофеи. Ерик тен Хаг одигра важна улога во мојот развок. Среќен сум што повторно ќе работам со него. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да биде успешен“, вели Мазрауи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани