Официјално: Давид Бабунски е нов фудбалер на Данди!

by riste
1 минути читање

Се зголемува македонската колонија во Шкотска, Давид Бабунски е четвртиот Македонец кој во моментов е во оваа земја, тој му се приклучува на Трапановски во Данди јунајтед.

Бабунски со Данди потпиша двегодишен договор, тој во шкотскиот клуб пристигнува како слободен играч.

Македонскиот фудбалер од средниот ред ќе го носи дресот со број 10.

Покрај Давид Бабунски во моментов во Шкотска се и Кристијан Трапановски, Давор Здравсковски и Бојан Миовски кој со одличните настапи за Абердин практично ја отвори вратата за Македонците во оваа земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани