Eкипата на Вест Хем го потврди трансферот на Арон Ван Бисака од Манчестер Јунајтед кој со клубот потпиша договор на седум години сума која засега не е објавена.
Ван Бисака се сели во Лондон по 190 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“ во изминататите пет сезони. Во тој период успеа да го освои ФА Купот, Лига купот и играше финале во Лигата на Европа.
„Не размислував многу кога пристигна понудата од Вест Хем. Возбуден сум и среќен што ќе играм тука. Неверојатно е чувството да се вратиш во Лондон. Јас сум роден тука и го знам секој дле од овој град кој одигра голема улога во мојот живот и ми значи што повторно ќе бидам тука. Со нетрпение чекам да излезам на теренот и да ги запознаам соиграчите“, изјави Ван Бисака.
Пред Манчестер Јунајтед 26-годишниот дефанзивец го носеше дресот на Кристал Палас.