Официјално: Бесарт Ибраими се врати на „местото на успехот“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тетовска Шкендија во своите редови го врати искусниот голгетер Бесарт Ибраими. Како што се шпекулираше, најдобриот стрелец во мак-фудбалот се враќа на местото на успехот.

Ибраими во минатото беше дел од Шкендија од 2015 до 2021 година. Тетовските „црвено-црни“ се екипата за која Ибраими одигра најмногу натпревари во кариерата, преку 200.

За Шкендија на тие мечеви Ибраими постигна 126 погодоци и запиша 68 асистенции на официјалните средби.

Инаку, во кариерата Бесарт Ибраими беше дел од Напредок, Велазерими, Ренова, Шкендија и Струга во Македонија. Во странство настапуваше за Ксанти, Ермис, Енозис, Металург Запорожје, Таврија, Севастопол и Шалке.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани