Фудбалскиот клуб Астон Вила веднаш ќе ги потроши парите од трансферот на Муса Диаби кој се сели во Ал-Итихад.
Тимот од „Вила Парк“ го комплетира трансферот на Амаду Онана кој за сума од 60 милиони евра доаѓа од редовите на Евертон. Со Астон Вила репрезентативецот на Белгија стави потпис на договор до 2029 година. Тој беше еден од најинтересните играчи на својата позиција, а развојот ќе го продолжи под тренера палка на Унаи Емери.
Инаку, Евертон заработи 20 милиони евра на Онана кој пред две лета пристигна од Лил за сума од речиси 40 милиони.
Во својата кариера Амаду Онана како младинец од Зулте се пресели во Хофенхајм, па во Хамбургер. Од овој клуб во 2021 година за 13,5 милиони евра се сели во Лил, а една година подоцна заврши во Премиер лигата.