102
Meдиумите во Хрватска денеска ги објавија платите на фудбалерите на Динамо Загреб кои сепак се далеку од најголемите европски клубови, но истовремено и големи за македонски услови.
Македонските фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски се помеѓу петмината најплатени фудбалери на хрватскиот гигант. Адеми годишно заработува околу 840.000 евра, додека Ристовски добива 700.000 евра.
Во хрватските медиуми посебно истакнува платата на Петар Сичиќ кој е еден од најталентираните и највредни фудбалери во тимот. Неговата плата изнесува 72.000 по сезона. Сичиќ во текот на летниот преоден рок се поврзуваше со Комо и овој италијански калчолигаш беше подготвен за него да плати и до десет милиони евра.