Хрватскиот ветеран, Лука Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид, а сега се откриваат и детали.
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска во претходните пет години имаше ист договор, но сега во него ќе има промени.
Модриќ потпиша соработка со важност до 30. јуни 2025 година и јасно е дека ќе има улога на резервист покрај помладите соиграчи.
Модриќ со претходниот договор имаше плата од 21.8 милиони евра, а сега според информациите на „Capology“ најпознатата светска веб страна која се занимава со заработка на спортистите неговиот договор вреде 10.4 милиони евра. Тоа значи дека Модриќ прифатил дури 52% само за да остане во Мадрид.
Имаше, богати понуди од Саудиска Арабија, но очигледно Модриќ имаше толку голема желба да продолжи со Реал, па дури и во улога на резервист со значително пониска плата.