Откако Тухел беше поставен за селектор се огласи Кејн

by Стефан
1 минути читање

Toмас Тухел во текот на вчерашниот ден и официјално беше потврден за нов селектор на англиската репрезентација, а неговиот избор беше дочекан со критики од јавноста на Островот.

Неколку познати фудбалски имиња и медиуми критикуваа тврдејќи дека Тухел не е вистинскиот човек зарепрезентацијата.

Но, од друга страна напаѓачот на Баерн, Хари Кејн кој веќе соработуваше со него се радува на новата прилика за соработка.

„Се радувам што повторно ќе соработуваме. Го познавам добро од минатата година, тој е фантастичен тренер и фантастичен човек“, изјави Кејн.

Тухел со работа на селекторската позиција на Англија ќе започне од 1 јанаури, а договорот кој го потпиша има важност до завршувањето на Мундијалот во 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани