166
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Вест Хем со 3:1 во 3. коло од Премиер лигата, а херој на „граѓаните“ беше Норвежанецот, Ерлинг Халанд.
Норвежанецот го постигна неговиот втор хет-трик во низа и така традиционално ја доби топката која беше потпишана од сите негови соиграчи. Од кога дојде во Манчестер Сити ова беше негов 11-ти хет-трик.
Но, покрај „нормалните“ пораки и потписи, фановите забележаа и една која се издвојуваше. Некој му напишал „Fu*k off“.
Не е познато меѓутоа најголем дел од коментарите се дека оваа порака е дело на Џек Грилиш.