187
Лука Јовиќ како што пренесуваат италијанските медиуми е исклучен од списокот на Милан за Лигата на шампионите.
Иако Mилан се уште не ја објавил својата листа на играчи на кои ќе смета, извори блиски до клубот пренесуваат дека на тој список нема место за Јовиќ.
Ова и не е преголемо изненадување ако се знае дека Милан во последниот ден од преодниот рок го доведе Тами Абрахам од Рома, па англискиот напаѓач добил предност.
Јовиќ го започна првиот натпревар во Серија А против Торино, но во следниот против Парма беше преселен на клупата. Минатиот викенд во дуелот со Лацио беше надвор од комбинација за настап поради повреда.
Лигата на шампионите Милан ја започнува на 17 септември против Ливерпул.