117
Истанбул вечерва ќе гори, фановите на Галатасарај ќе пречекаат голема ѕвезда, Виктор Осимен ќе потпише за нивниот клуб.
Осимен ја прифатил понудата на Галатасарај за позајмица. Се работи за чиста позајмица.
Турскиот клуб се обврзува да му ја даде целата плата додека игра кај нив, таа изнесува 10 милиони евра годишно.
Во договорот ќе има и клаузула според која Осимен ќе може да замине во јануари доколку има некоја добра понуда од голем европски клуб.
Осимен уште вечерва ќе лета кон Истанбул, па се очекува вистинска фешта која ќе ја направат фановите на Галатасарај.
Во меѓувреме тој бара од Наполи да му ја намалат откупната клаузула од 130 милиони евра колку што е сега, на 75 милиони евра.