21
Првиот чувар на мрежата на Тотнем, Гиљермо Викарио беше успешно опериран и го очекува период на рехабилитација.
Италијанскиот голман заработи повреда на зглобот која беше посериозна и поради тоа мораше да легне на оперативна маса. Клубот извести дека зафатот е успешно направен и сега пред Викарио е процес на рехабилитација.
28-годишникот кој пристигна од Емпили за 18,5 милиони евра бргу се наметна во Тотнем. Викарио се етаблира меѓу стативите и стана многу популарен во Лондон.
Досега во дресот на Тотнем тој забележа 55 настапи во сите конкуренции, а иако имаше 12 „чисти мрежи“ покажа сериозни перформанси.