151
Барселона во сабота од 21:30 часот гостува на Местаља кај Валенсија во првото коло од Ла Лига, а Ханси Флик нема да може да смета на Дани Олмо.
Поради проблемите со финансии, Барселона уште не може да го регистрира Дани Олмо во Ла Лига, нема да стигне тоа да го направи пред почетокот на првото коло.
Очекувањата се дека Олмо ќе го пропушти само мечот со Валенсија, брзо по него ќе биде регистриран и ќе биде во комбинација за следниот натпревар.