Олмо дебитираше со победнички гол за Барселона! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона со пресврт во второто полувреме го победи Рајо Ваљекано со 2-1, Дани Олмо имаше деби од соништата откако го постигна победничкиот гол за каталонскиот клуб.

Рајо Ваљекано имаше одличен влез во мечот, со гол на Унаи Лопез во 9. минута поведе со 1-0.

Олмо беше на клупата во првото полувреме, а во игра влезе на почетокот од вториот дел.

Израмнувањето стигна во 60. минута кога по асистенција од Рафиња, Педри даде гол за 1-1.

Во 82. минута по додавање од Јамал, Олмо ја смести топката во мрежата на Рајо за комплетен пресврт и победа на Барселона од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани