Оливер Кан конечно го прекина молкот, по 15 месеци проговори за заминувањето од Баерн

by 24 фудбал
1 минути читање

Германската голманска легенда Оливер Кан пред 15 месеци беше заменет на позицијата извршен директор во Баерн Минхен. Оттогаш легендата не се огласуваше јавно, иако имаше бројни и бројни шпекулации за природата на неговото заминување.

Кан замина од директорско место заедно со Хасан Салихамиџиќ кој беше спортски директор, а сега реши да го прекине молкот.

Тоа беше дел од оваа работа. Јас и Салихамиџиќ дадовме сè за клубот. Промената на раководното ниво, особено на позицијата извешен директор влече и поинакви промени. Тоа е дел од минатото, само толку би кажал. Тоа што се зборуваше за платите, секогаш се договарало со финансискиот директор. Структурата на платите во Баерн остана конкурентна во споредба со другите европски клубови“, изјави Кан.

Оливер Кан претрпе тешки „удари“ од Баерн Минхен, на несвојствен начин беше практично избркан од функцијата, а кулминацијата беше кога не му беше дозволено да го гледа мечот против Келн во последното коло од сезоната 2022/23 во кој се одлучуваше за титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани