Одлуката на УЕФА за Барселона донесе разочарување и во Македонија: На навивачите ќе им се враќаат парите

by Стефан
2 минути читање

Eвропската куќа на фудбалот денеска ја соопшти одлуката со која на Барселона и се забранува присуство на гостински навивачи во натпреварот против Црвена Звезда во Белград.

Оваа одлука ги погоди и навивачите на Барселона во Македонија, а дел од нив веќе имале и уплатено свои аранжмани преку официјалниот фан клуб на каталонскиот гигант кај нас.

Од фан клубот информираат дека клубот ќе мора да ја почитува одлуката и парите ќе им бидат вратени.

„ФК Барселона достави официјално соопштение до медиумите и сите нејзини здруженија, асоцијации, партнери, по повод санкцијата од УЕФА, во кое ја ратификува казната „за расистичкото однесување на дел од навивачите за време на натпреварот во Монако на 19 септември”.

Во соопштението, Барса потврди дека „ќе се придржува и ќе ја примени оваа санкција на натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА што ќе го игра против Црвена звезда во Белград на 6 ноември.

ФК Барселона ќе ги врати парите за влезница на сите оние фанови кои веќе ги купиле, а ќе ги прекине понатамошните аплицирања за овој натпревар, на останатие членови.

ФК Барселона ги осудува настаните што доведоа до ова, клубот да ја добие оваа санкција од УЕФА. 

„ФК Барселона отфрла секаков вид извинување за насилство и, како што е наведено во членовите 3 и 4 од својот Статут, ќе обезбеди заштита и промоција на Универзалната декларација за човекови права вклучена во Меѓународната повелба за човекови права објавена од Обединетите нации“.

Согласно ова клупско соопштение и нашата пења мора да ги следи чекорите кои Барса ги спроведува, во кои автоматски се откажуваат сите апликации само за овој натпревар во Белград.

Останатите апликации за другите натпревари се се’ уште активни и во процес“, стои во соопштението на македонскиот фан клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани