196
Изненадување од Монтела беше одлуката да го остави Арда Ѓулер на клупата за резерви во натпреварот против Португалија, а италијанскиот стратег по мечот објасни зошто се одлучил на таков потег.
Турција беше поразена со убедливи 3:0 и играта на репрезентацијата не беше на нивото од претходниот дуел со Грузија кој го добија со 3:1.
Една од главните причини сигурно е неиграњето на Ѓулер од првата минута.
„Жалам што го оставив Арда на клупата, но тој беше изморен и постоеше ризик од повреда. На крајот го пуштив на теренот за да постигнеме барем еден гол, но не успеавме“, изјави Монтела.
Во последното коло Турција ќе игра со Чешка и со победа би обезбедила место во нокаут фазата.