Одлично деби за Несторовски во Славен Белупо!

by Стефан
1 минути читање

Илија Несторовски имаше одлично деби во дресот на хрватскиот Славен Белупо каде што пристигна ова лето.

По престојот во Италија, Несторовски одлучи да се врати во Хрватска и одлично ја започна својата епизода.

Денеска тој беше стрелец во натпреварот од 1/16 финалето во Купот на Хрватска. Голот македонскиот напаѓач го постигна во 55. минута од средбата.

Тоа беше и единствениот гол на мечот, неговиот тим победи со 1-0 на гостувањето кај Кустошија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани