Одличниот Делап не дозволи Ипсвич да биде поразен од Астон Вила (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Астон Вила не успеа да слави во натпреварот против Ипсвич во рамките од шестото коло во Премиер лигата (2:2).

Уште во осмата минута Лиам Делап го совлада Емилијано Мартинез за водство на домаќините. Вила сепак успеа да направи пресврт со погодоците на Морган Роџерс и Оли Воткинс.

Во второто полувреме Астон Вила имаше повеќе од играта, но кога не искористија неколку добри прилики стигна казната. Повторно во центарот на вниманието беше Делап кој одлично се снајде во шеснаесетникот и стрелаше за 2:2.

Ипсвич во самата завршница тргна и по сите три бода, меѓутоа резултатот не се промени. За новиот премииерлигаш ова беше четврто реми во низа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани