Одлична вест за Холанѓанецот: Ван Нистерлој доби награда за победата против Лестер

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Јунајтед изгледаше одлично под водство на Руд Ван Нистерлој во натпреварот против Лестер и „црвените ѓаволи“ успеаа да слават со 5:2 за пласман во четвртфиналето од Лига Купот.

Ван Нистерлој го презема тимот како привремено решение додека и конечно да се завршат преговорите со Аморим.

„Дојдов тука затоа што знам дека Манчестер јунајтед повторно може да биде голем клуб, сакав да помогнам и ќе продолжам да го правам тоа“, изјави Ван Нистерлој.

Последните информации говорат дека Аморим ќе остане во Сопртинг до 10 ноември, односно до почетокот на репрезентативната пауза и тогаш ќе го преземе гиганатот од „Олд Трафорд“.

Инсистираше Манчестер јунајтед да го доведе Аморим што побрзо меѓутоа сега нема да брза, тврдат на Островот.

За Ван Нистерлој тоа значи дека ќе добие уште два натпревари во Премиер лигата (Челси и Лестер) и натпреварот со ПАОК во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани