Одличен викенд за Несторовски: По голот против Динамо, доби и место во тимот на колото (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Искусниот македонски напаѓач Илијан Несторовски доби место во идеалниот тим на колото во Хрватска откако за викендот одигра одличен натпревар против Динамо Загреб.

Славен Белупо ја продолжи кризата на Динамо Загреб и славеше изненадувачка победа од 4:1, а Несторовски во овој натпревар беше стрелец на четвртиот гол за својот тим.

Несторовски одигра солидно и во останатите минути, па затоа и доби оценка „осмица“ што беше доволно да биде сместен во тандем со Ливаја во идеалните 11 на колото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани