Фудбалерите на Динамо Загреб победија со 3-0 во пријателскиот натпревар против Вардар на „Максимир“ во рамките на подготовките за новата сезона.
На овој натпревар второ деби за „модрите“ имаше Марко Пјаца. Токму за повратникот во редовите на Динамо е врзана интересна приказна, во која судбината има вмешано свои раце.
Имено, последниот натпревар на Пјаца за Динамо во 2016 година пред да замине во Јувентус го одигра против Вардар. Тогаш во квалификациите за Лигата на шампионите во сезоната 2016/17 хрватскиот фудбалер заигра за „модрите“ на реваншот, а потоа се пресели во Јувентус.
Сега и по кам-бекот во Динамо Загреб, по осум години судбината и среќата посакаа неговото второ деби да му биде пак против Вардар. Поради тоа на социјалните мрежи Динамо објави фотографија од славјето на голот на Пјаца со опис „Од Вардар до Вардар“.