305
Репрезентацијата на Венецуела го изненади Еквадор и славеша со 1-2 на стартот на Копа Америка.
Овој натпревар го одбележа црвениот картон на Енер Валенсија. Напаѓачот на Еквадорците во 22 минута беше многу невнимателен, го удри Хозе Мартин со отворен ѓон во градите. За овој старт Валенсија доби директен црвен картон и судијата Ролдан му го покажа патот кон соблекувалната доста рано.
Во продолжението Еквадор поведе со голот на Сармиенто пред паузата, а потоа Венецуела со погодоците на Кадиз и Бељо дојде до пресврт и триумф.