Новото засилување на Рома е историски трансфер не само за клубот, туку и за Серија А!

by riste
1 минути читање

Рома продолжува да троши во овој преоден рок, денеска потпиша со Сауд Абулхамид, десен бек од Ал Хилал кој може да игра и на левата страна.

„Рома со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Сауд Абулхамид на перманент договор од Ал Хилал“, стои во соопштението на волчицата.

Сауд Абулахмид минатата сезона бил прогласен за најдобар Саудиски фудбалер.

Овој трансфер е историски и за Серија А затоа што ова е првиот фудбалер од Саудиска Арабија кој ќе игра во италијанското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани