Нови проблеми за Манчестер Јунајтед: Летното засилување оди на пауза поради срцеви проблеми

by Стефан
1 минути читање

Мароканецот Нусар Мазрауи ќе мора да биде надвор од терените најмалку два месеци откако му бил откриен проблем со срцето од страна на медицинскиот тим на Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот новинар, Николо Шира објави дека Мазрауи имал срцева аритмија и тоа всушност било стар проблем од пред неколку години. Медиумите во Британија пренесуваат дека Мароканецот ќе се оперира за проблемот да се реши.

По таа операција за два месеци ќе му бидат направени прегледи, па ќе се знае дали тогаш ќе може да продолжи со играњето фудбал.

Во Манчестер Јунајтед, Мазрауи пристигна пред крајот на преодниот рок од Баерн Минхен. Ќе потсетиме, надвор од терените е и Лени Јоро за кого летово „црвените ѓаволи“ на Лил платија 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани