Иако се најавуваше сепак изгледа дека Барселона нема намера да го доведе Иван Перишиќ кој си заминува од Хајдук.
Перишиќ неславно го напушта сплитскиот клуб иако пред само осум месеци пристигна со големи очекувања во тимот. Причината поради која заминува е конфликт со тренерот Џенаро Гатузо.
Каталонските медиуми денеска повикувајќи се на извори блиски до клубот пренесуваат нови информации.
„Според изворите кои ги контактиравме, Перишиќ нема да биде играч на Барселона. Од клубот ни тврдат дека не е реална опција да се доведе кога има 25 години и отфрлаат било каков обид да го доведат“, стои во објавата на медиумите.
Засега не е познато каде Перишиќ ќе ја продолжи кариерата, но изгледа дека тоа сигурно нема да биде Барселона.