Бурни реакции во хрватската јавност предизвика информацијата која беше објавена по елиминацијата на репрезентацијата дека во Германија допатувале со хрватски авион.
Во Србија беа шокирани и разочарани од тоа што тие користеле хрватски чартер во ситуација кога ја имаат домашната „Ер Србија“.
Денеска „Телеграф“ објави дополнителни информации, односно колку чинел летот во еден правец. Наводно Фудбалскиот сојуз платил сума од 48.500 евра.
По елиминацијата во групната фаза Србија дома се врати со „Ер Србија“. Поради ваквиот пропуст генералниот декратар Јован Шубратовиќ најави дека ќе поднесе оставка, а претседателот на Собранието Ана Брнабиќ не криеше дека Александар Вучиќ бил исто така шокиран кога дознал дека фудбалерите патувале со хрватски авион.