13
Германскиот шампион Баер Леверкузен е среде криза со повреди.
Тренерот Чаби Алонсо доби дополнителни главоболки, бидејќи по саботниот дуел со Хајденхајм остана без уште едно офанзивно решение. Од репрезентативната пауза со повреда се врати Виктор Бонифејс, а сега повреда заработи и Мартен Терие.
Тој влезе во игра во 77 минута, но само неколку подоцна заработи повреда на раката. Информациите од клубот велат дека Терие заработи скршеница и поради тоа го очекува пауза до крајот на годината.
Се очекува кам-бекот на Терие да биде на стартот на 2025 година.