125
Фудбалерите на Ница немаа милост за Сент Етиен и го декласираа со огромни 8-0 во петтата рунда на Лига 1.
Тимот од азурниот брег на Франција одигра неверојатна партија, веројатно најдобра во последните години.
Голеадата започна со автогол на Батубинсика по четири минути игра, а потоа веќе во седмата беше 2-0 преку Ндомбеле. Потоа во 24. и 26. минута Чо и Мукоко донесоа предност од четири гола. До паузата погодија Гесанд и Мукоко вторпат за огромни 6-0.
Вториот дел понуди само два гола, а тие беа дело Диоп и Росарио.