Ниту Ливерпул, ниту Вест Хем, приватниот лет на Аморим во Лондон бил платен од Челси?!

by bojan
1 минути читање
Аморим

Тренерот на Спортинг, Рубен Аморим минатата недела со приватен авион пристигна во Лондон, тогаш се говореше дека одржал преговори со Вест Хем, но последните информации велат дека летот бил платен од Челси.

Рубен Аморим долго време се најавуваше како наследник на Јирген Клоп во Ливерпул, и минатата недела стратегот привлече внимание откако со приватен авион пристигна во Лондон.

Но на големо изненадување, тогаш се појавија информации кои велеа дека Португалецот всушност бил на преговори со Вест Хем.

Сепак, последните информации говорат за нов расплет, новинарот Педро Сепулведа објави дека всушност патувањето било организирано од Челси, и Рубен Аморим се сретнал со директори на „сините“ за да разговараат за можноста да го замени Маурисио Покетино на тренерското столче на „Стемфорд Бриџ“.

По ваквите написи, од весникот Телеграф стапиле во контакт со луѓе од Челси и побарале повеќе информации, но добиле само демант, „сините“ негирале дека го платиле летот и дека се водат преговори со Рубен Аморим.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани