Италијанскиот предводник на репрезентацијата на Летонија го анализира поразот од Македонија (1-0) во Лигата на нациите.
Паоло Николато откри дека е разочаран од целокупниот пласман и настап во Лигата на нациите, меѓутоа во Скопје му се допаднало тоа што го видел.
„Дефинитивно сум разочаран од моите фудбалери, бидејќи во оваа Лига на нации бевме во игра за добар резултат на сите натпревари. Одигравме добро во Скопје, против многу квалитетен противник. За нас беше најважно добро да се покажеме на овој натпревар. За мене најважен е перформансот, а делумно сум задоволен од тоа што го видов“, изјави Италијанецот.
Македонија е лидер и сигурна на врвот во групата со 13 бода, следат Фарските Острови со шест, а Ерменија и Летонија имаат по четири. Последното коло ќе одлучи која селекција ќе оди во баражот за влез во Лига Б каде што веќе своето место си го обезбеди Македонија.