Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов кој настапува во унгарски МОЛ Фехревар денеска го продолжи договорот со својот тим.
Серафимов во редовите на Фехревар пристигна летото 2022 година од тимот на ЗТЕ, а сезонава е стандарден и под водство на тренерот Бартош Грзелак во почетните 11 се најде на 28 натпревари, а постигна и еден гол во есенскиот натпревар против Кишаварда.
„Во клубот пристигнав пред две години, првата сезона не одеше како што очекував, имави две повреди. Сепак, по почетокот на актуелната работите се променија и тоа се одразува и на резултатите на тимот. Имаме одличен тренерски тим и успесите ги постигнавме благодарение на тоа што играме како тим. Реалтивно брзо сртигнавме до бројката од 40 бода која беше поставена за цел пред почетокот на сезоната, но секако дека во последните две кола сакаме и да го подобриме пласманот. Нема да се откажеме од освојувањето на второто место. Среќен сум што го продолжив договорот и ќе продолжам да се борам за успех“, изјави Серафимов за клупскиот сајт.
Дресот на македонската репрезентација, Серафимов го носеше на 14 натпревари.