Никола Секулов оди на нова позајмица од Јувентус, ќе игра во Серија Б кај Андреа Пирло

by 24 фудбал
1 минути читање

Многу веројатно младиот фудбалер на Јувентус, Никола Секулов ќе ја мине следната сезона како позајмен фудбалер во Сампдорија.

22-годишниот фудбалер со македонски корени, но кој одбра да смени фудбалски пасош и да игра за Италија оди во потрага по минутажа во Серија Б. Минатата сезона есенскиот дел го мина како позајмен во Кремонезе, а во втората полусезона доби и шанса да заигра за Јувентус во Серија А.

Секулов е член на Јувентус Некс Ген, а клубот сака своите младинци да ги пушта на позајмици за да играат барем во втората лига. Така, заедно со Секулов во Сампдорија која ја води Андреа Пирло ќе замине и Луис Хаса.

Инаку, за Никола Секулов постоеше интерес од повеќе клубови како Палермо, Фросиноне и Сампдорија, па клубот кој го води славниот Пирло победи во битката за потписот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани