Нејмар ги предупредил Бразилците во Реал: Мбапе е ужасен човек!

by riste
1 минути читање

Нејмар и Килијан Мбапе долго време беа соиграчи во ПСЖ, па многу добро се познаваат, а според некои извори, Бразилецот нема добар впечаток од француската ѕвезда.

Францускиот новинар Сирил Хануни објави дека Нејмар ги советувал своите сонародници кои играат во Реал Мадрид да се држат подалеку од Мбапе.

„Бразилците во Реал се пријатели со Нејмар и тој им порачал дека Мбапе е катастрофа, ужасен човек“, наводно им рекол Нејмар на соиграчите од репрезентацијата.

Засега не е познато дали тие ги послушале неговите совети, но Винисиус и Мбапе одлично соработуваат на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани