Неславен крај за големата Марта: Удри противничка со копачка по глава, „поцрвене“ и замина во солзи (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразил го загуби клучниот меч во групата Ц на Олимписките игри со 0-2, а иако остана во игра преку табелата на третопласирани селекции, ситуацијата и таму не е сјајна за Бразилките. Таму тие не котираат најдобро и големи се шансите да бидат последни на таа табела, а со тоа и да го завршат својот настап во Париз.

Една од најдобрите фудбалерки во историјата, бразилската ветеранка Марта веројатно имаше неславен крај на големата репрезентативна кариера.

Славната фудбалерка беше многу невнимателна и во шестата дополнителна минута на првото полувреме во мечот од третото коло против Шпанија, таа доби црвен картон. Причината за исклучувањето беше високо крената нога со која ја удри противничката фудбалерка. За тоа судијата Ескас и го покажа патот кон соблекувалната, а самата Марта која веројатно беше свесна дека тоа можеби ѝ беше последниот меч за Бразил.

Поради тоа, таа беше многу емотивна, не успеа да ги задржи солзите, а соиграчките се обидоа да ја утешат, но не успеаја во тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани