Немаше дилеми: Јамал е новото „Златно момче“!

by Стефан
1 минути читање

Младата на ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал сосема очекувано е добитник на признанието „Златно момче“ за 2024 година.

Во конкуренција за наградата која ја доделува италијанскиот „Тутоспорт“ беа 25 фудбалери, но Јамал од самиот старт беше и најголемиот фаворит поради неговите фантастични настапи за шпанската репрезентација и Барселона.

Јамал со добивањето на оваа награда ја продолжи доминацијата на фудбалери од Ла Лига откако во минатите три години признанието го освојуваа: Белингем, Педри и Гави.

Во минатото освојувачи беа и фудбалери како: Лионел Меси, Вејн Руни, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани