ФИФА донесе одлука европскиот шампион, во овој случај Реал Мадрид да игра директно во финалето на Интерконтиненталниот куп кој ќе се одржи во Доха.
Претходно европскиот шампион играше и полуфинале, но отсега ќе оди директно во финалето.
Борбата за светската круна ќе почне задутре кога ќе се сретнат шампионите на Азија и Австралија – Ал Аин и Оукленд Сити. Победникот од тој дуел на 29 октомври во Каиро ќе игра со египетскиот Ал Ахли, најдобриот тим во Африка, а на 11 декември мексиканската Пачука ќе игра против победникот од Копа Либертадорес кој е во тек.
Завршницата ќе се случи во Доха (Катар), каде што победниците од овие два дуели најпрво ќе играат помеѓу себе на 14 декември, а победникот од оваа пресметка четири дена подоцна ќе се бори против Реал Мадрид за пехарот.