„Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа Мбапе да дојде во Реал Мадрид“

by Стефан
2 минути читање

Легендарниот француски фудбалер, Емануел Петит тврди дека тренерот Карло Анчелоти и одредени фудбалери на Реал Мадрид не биле за доаѓање на Килијан Мбапе.

Мбапе во Реал Мадрид пристигна летово како слободен играч откако претходно долго се поврзуваше со „кралевите“. На крајот одби да го продолжи договорот со гигантот од Париз, но изгледа дека во Мадрид се соочува со многу проблеми.

За ситуацијата на Мбапе сега зборуваше неговиот славен сонародник.

„Сигурен сум дека Карло Анчелоти и некои фудбалери на Реал Мадрид не сакаа да пристигне Мбапе. Анчелоти беше на седмо небо по освојувањето на Лигата на шампионите. Кога ќе освоите големи трофеи и кога ќе внесете големо его во тимот работите се менуваат.

Најголем проблем за Мбапе е што во тимот има двајца фудбалери како него. Џуд Белингем и Винисиус Жуниор се исто така големи ѕвезди, сите тројца сакаат да се во центарот на вниманието и да ја освојат „Златната топка““, изјави светскиот шампион од 1998 година и поранешен фудбалер на Арсенал.

Се шпекулираше и дека интерес за Мбапе има од Ливерпул.

„Прерано е да се каже дали ќе му беше подобро во Ливерпул. Треба само да покаже дека има карактер и ментална сила да се издигне над проблемите. Мора да покаже дека е на исто ниво со Роналдо и Меси претходно, да ја пронајде својата константност“, додаде Петит.

Мбапе од доаѓањето во Мадрид летово постигна само осум погодоци на 16 натпревари и одредени медиуми тврдат дека за него е проблем што не игра како лево крило каде што е Винисиус, Мбапе добива место централно во нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани