Во својата младост, Рафаел Морисон важеше за најголем талент во академијата на Манчестер Јунајтед и еден од најголемите таленти воопшто на англискиот фудбал, но неговата кариера не се развиваше онака како што се очекуваше.
Сега Морисон потпиша за клубот Прешисион кој се натпреварува во третата лига од Обединетите Арапски Емирати.
За него Фергусон некогаш зборуваше дека е најголемиот талент кој некогаш го видел во јуниорските денови. Пред четири години за Морисон зборуваше и Рио Фердинанд.
„Никогаш немав видено таков талент кај едно дете од 14 или 15 години. Беше поинаков, посебен. Дури и денес кога порасна, погледнете ги снимките видете што прави. Ми испраќаше некои снимки од тренингот на Шефилд каде што буквално ги мачеше одбранбените играчи“, гласеше изјавата на Фергусон.
Вест Хем, Бирмингем, КПР, Кардиф, Лацио, Атлас, Остерсунд, Шефилд, Миделсброу, Ден Хаг, Дерби и Ди-Си Јунајтед беа клубовите за кои настапуваше, но никаде не успеа да остави подлабока трага.