Екипите на Работнички и Брера во вчерашниот натпревар на Арената „Тодор Проески“ ремизираа 1:1.
По натпреварот тренерот на струмичкиот тим, Горзад Михаилов не сакаше премногу да зборува за судењето и ја остави таа работа на надлежните, но сепак потенцираше дека за него е сомнителен црвениот картон кој го доби Руатубјаје.
„Штета, бевме на прагот на освојување на трите бода. Игравме добро во првиот дел и тактички добро бевме поставени. Судењето не би сакал да го коментирам, не е моја работа, има кој треба да го коментира и да каже дали е во ред. Мене ми е сомнителна ситуацијата при црвениот картон на Руатубјаје. Покажавме карактер, желба и сила, но овој натпревар треба брзо да го заборавиме бидејќи во среда ни претстои нов предизвик“, изјави Михаилов.
Ќе потсетиме, во текот на вчерашниот ден имаше и жестоки реакции на арбитражата во Кавадарци каде што Тиквеш се жалеше за поништениот гол во финишот.