256
Репрезентацијата на Србија не воодушеви на Европското првенство и по две кола Србите имаат само еден бод, но се уште се во игра за место во нокаут фазата и за такво нешто им е потребна победа во последното коло со Данска.
Ако по натпреварот со Англија поразот беше до некаде и очекуван, ремито со Словенија до кое дојдоа со гол во 95. минута придонесе за незадоволство кај навивачите.
Незадоволството помеѓу навивачите најдобро може да се види кај еден српски фан кој бара да му бидат вратени парите за неговото патување на првенството во Германија.