271
Унгарскиот напаѓач Барнабас Варга падна во несвест по еден страшен судир со голманот на Шкотска, Ангус Ган.
Варга доби удар во главата и тоа предизвика паника на теренот, веднаш дотрчаа редарите кои се обидоа да ги сокријат случувањата од публиката и фоторепортерите, а помогнаа и фудбалерите на двете репрезентации. Еден од најприсебните во оваа ситуација беше капитенот на унгарската репрезентација Доминик Собослаи.
Во еден момент тој забележа дека луѓето задолжени за носилката се бавни, па дотрча до нив им помогна и ги забрза кон паднатиот соиграч кому му требаше помош.
Овој потег беше поздравен од страна на навивачите и уште еден показател зошто Собослаи е капитен на Унгарците.