Фудбалерите на Дечиќ на коло пред крајот беа крунисани во шампион на Црна Гора, откако славеа минимално на гостувањето кај Сутјеска (0-1). Во пресрет на последната рунда овој клуб има шест бода предност пред Будуќност кој загуби дома од Морнар (0-1).
Така, Дечиќ дојде до историски трофеј во првенството на Црна Гора. Ситуацијата станува уште поинтересна поради фактот дека Дечиќ доаѓа од малиот град-село Тузи на девет километри од Подгорица. Ова место има помалку од 5.000 жители и сега клубот донесе огромна радост со историската титула.
Со освоениот трофеј доаѓа и пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, стадионот „Тушко Поле“ има капацитет од 2.000 навивачи и тешко дека ќе ги задоволи строгите УЕФА стандарди.